Времепловот на рок ен рол легендите – „Меморија“!

Македонските рок ен рол легенди, групата „Меморија“  на12 септември, во 13 чаот во МКЦ – Скопје и официјално ја започнаа својата кампања за големиот повратнички концерт закажан за 18 ноември во Метрополис Арената во Скопје.

Салата на киното „Фросина“ во МКЦ беше претесна да ги прими сите кои беа повикани… Овој пат покрај претставниците на медиумите Петар Георгиевски – Камиза и останатите од групата ги повикаа сите оние што во изминатите години имале допирни точки со „Меморија“. Од бившите членови кои продефилирале во разни постави на бендот како: Антонио Димитриевски- тапани, Ицо Јовковски – гитара, Нино Бошњаковски- клавијатури, Драган – вокал… и сите останати кои беа од различни причини спречени да дојдат, преку продуцентите како Тоше Поп Симонов, до придружните вокали како Маја Панчева, па се до тон мајстори, менаџери, фотографи, режисери на видеоспотовите… и сите други кои дале свој придонес во тогашното поставување, живеење и сегашното „воскреснување“ на приказната од македонската роке н рол историја наречена „Меморија“.

За нивниот професионален и приватен живот, дел од познатите и непознати нешта за нив како личности, музичари, родители… реализирани зрели луѓе, познати и признати како членови на „Меморија“, но и во своите професии. Тие со своите кажувања само ја надополнуваа приказната која ја исцртува сликата за големината и значењето на групата, во македонски рамки, но и надвор од нив. Камиказа, Бане, Поце, Тино, Цале и Мичо… луѓето од последната постава на групата која ги свиреше и пееше легендарните песни на македонски кога тоа ретко кој го правеше, ги полнеше концертните сали кога тоа ретко кој го можеше, свиреше надвор од Македонија по Бор, Ниш, Заечар, Белград… на тогаш најпопуларните места како: ТАШ, СКЦ, Дом омладине, Ликовна академија… каде настапуваа во тоа време најпопуларните и најпрогресивни ЈУ групи: од Бајага преку Идоли и ЕКВ до Азара, Филм, Казалиште…

Едночасовната прошетка по спомените кулминираше со живата изведба на светската класика… Само клавир и глас. Валентино Скендеровски свиреше пиано на сајзер, а Поце го испеа Карузо… да се наежиш!

„Денес ја одржавме предпоследната промоција на бендот … Драган Костиќ беше водител низ времепловот на личните приказни на членовите на Меморија и на крај се случи пејачко крешчендо на Поце со изведбата на  Карузо, на која сè уште работи… Колеги музичари на сите Вас, Ви благодарам што дојдовте и овој ден ни го направивте уште поубав. Ваков рок митинг ретко кој имал чест да има ….. Ве сака сите… Петар Георгиевски – Камиказа“ – напиша лидерот на Меморија во својот Фејсбук пост.

 

 

Извор: Вистина