Фудбал во Виртуелна Реалност

Видео кое не насмеа многу и најавува ера, која не само што ќе ги промени видео игрите, туку Светот во целина. Затоа што компаниите кои започнаа да ја развиваат оваа технологија не се само продуценти на видео игри, туку Google и Facebook се едни од најголемите натпреварувачи, кои VR ќе го употребат за многу други намени, како образование и секојдневна поддршка на луѓето околу Светот без потреба од физичко присуство.

Дали доаѓа ерата кога сите ќе седиме дома по пижами и ќе одржуваме состаноци со нашите партнери или пријатели во посакувачка виртуелна околина или Управните Одбори на најголемите коорпорации нема да има потреба да патуваат и ќе донесуваат одлуки во интерес на нивните коорпорации, од нивниот кревет или спална соба.

На следното видео може да видете како би изгледала еден фудбалски натпревар во Виртуелна Реалност.