Сакате да волонтирате? Нов отворен повик

Доколку сакате да бидете дел од тимот на волонтери на ИНФО СЕГА, сакате да ја проширете својата лична мрежа на контакти и да ги зголемете вашите комуникациски и презентерски вештини, сега имате шанса да се пријавете и да учествувате во активностите на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, Прилеп.

Од месец февруари 2018, Младинскиот Информативен Центар ќе формира волонтерски клуб за млади до 18 години, кои ќе учествуваат во тековните активности и креативните работилници на Центарот.

Повикот е отворен за сите средношколци од сите средни општински училишта во Прилеп.

Волонтерите ќе имаат можност да посетуваат семинари, работилници и да бидат дел од младински размени организирани од Коалиција СЕГА.

Сите заинтересирани да се обратат директно во просториите на Младинскиот Информативен Центар на ул. „Питу Гули“ 6 позади стара општина (поранешни канцеларии на водовод) секој работен ден од 09:30 до 16:30 часот, или да ни испратат е-меил порака со назнака: “za lokalen volonter vo MIC” на следните е-меил адреси: sajna@infosega.org.mk или katerina@infosega.org.mk.

Краен рок за пријавување е 01.02.2018 година.