Волонтерски Сектор на PULSE Radio регрутира нови волонтери!

Во состав на PULSE Radio, започнува да функционира Волонтерскиот сектор, кој има за цел да им даде шанса на младите да го изразат своето мислење и независно да креираат активности преку аудио продукција и емисии, музика, јавни музички настани, определени според желбите и потребите на младите во Општина Прилеп. Волонтерите ќе бидат и главни уредници на веб порталот – www.pulseradio.mk, и ќе имаат слобода да ги користат сите технички ресурси на радиото.
Право на учество имаат сите заинтересирани ученици од средните училишта во Општина Прилеп.

Волонтерскиот Сектор ќе биде координиран од страна на персоналот на PULSE Radio и Младински Совет Прилеп, кој ќе ја обезбеди целосната поддршка за неговото функционирање.

Доколку сакате да станете волонтер во PULSE Radio, тоа можете да го направите со пополнување на апликацијата.

Состаноците ќе се одржуваат еднаш неделно во просториите на PULSE Radio во зависност од потребите, а времето на состаноци дополнително ќе се одредува.

Секој волонтер кој успешно ќе го заврши волонтерскиот период во тековната година ќе се стекне со Волонтерски Сертификат за учество.

 

www.pulseradio.mk