Сакате да бидете дел од кампањата „365 работнички права за млади“? Пријавете се!

Младински Совет Прилеп објавува повик за локални волонтери кои ќе бидат вклучени во активностите од кампањата „365 работнички права за млади“.

Од 01 јануари 2018 година, Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за млади.“ Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права.

Повикот е отворен за сите млади на возраст од 15 – 29 години.

Волонтерите ќе бидат вклучени во организирањето на инфо денови, ќе посетуваат работилници, обуки кои се поврзани со работничките права на младите.

Сите заинтересирани волонтери, можат да се обратат директно во просториите на Младински Совет Прилеп секој работен ден од 10 до 16 часот, или да ни испратат е-меил порака со назнака:
 “Za lokalen volonter – 
kampanja 365” на andrej.gabroski@ycp.org.mk.

Краен рок за пријавување е 25.02.2018 година.

Сите работнички права можете да ги погледнете на нашиот Instagram и Facebook профил.

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Државниот Инспекторат за Труд.

Партнери на кампањата: Младински Совет Прилеп, Волонтерски центар Скопје, Рурална коалиција, Кул младина Штип, Центар за економски анализи ЦЕА, Мрежа за поддршка на претприемачи, Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија, Форум 16, МИРР, Рома Прогрес, Граѓанска иницијатива на жени и Еколоџик.