Сакате да бидете дел од УЕФА СУПЕР КУП? Пријавете се!

За перфектна реализација на претстојните настани во самите фан зони се потребни голем број на волонтери кои ќе бидат клучни за самата организација на истите.
Секој волонтер ќе добие рекламен материјал (маица, капче) како и благодарница за волонтирање.

Волонтерите треба да се постари од 16 години и да исполнат одредени услови кои се наведени во апликацијата. Ова е одлична можност за младите лица да се стекнат со незаборавно искуство во фан зоните на двата најголеми фудбалски клубови во светот.

Сите заинтересирани треба да го потполнат прашалникот за интерес и да ги поднесат своите информации.

Со среќа!