Уредување на задниот двор при СОУ„Мирче Ацев“

Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп е основана во 1944 година. Таа е столбот на градот од каде проникнале и се оформиле најголемите умови во градот, каде секоја генерација ги испишува историските моменти низ дневниците и податоците кои се приврзани за оваа установа остануваат да се прераскажуваат постојано. Прилепската гимназија поминала низ многу предизвици.

Од историски аспект, овој прилепски жив споменик во утврдување знаења, поставил прекумерни алатки каде мотивот на првата љубов ги ослободила предрасудите и на свој начин го навлекол чекорот на животната маска во глобала. Во сите случаи, дворот е тој каде што се се случува и каде секој се информирал за животот во градот, но и за најновите тестови и оценки внатре.

Реконструкцијата на дворот била мета на постојани критики. Најверојатна причина покрај тоа се честите средби на младите, но и самиот углед. Со текот на времето, предниот дел се реконструирал постојано, но задниот дел е доволно голем и заслужува да ја заокружи установата во целост. Таму е можно да се постави игралиште, мерка која би помогнала за развој на спортот. Како втора мерка би било и поплочување на просторот, озеленување и давање на сјај кој би бил идентичен на оној напред.

Се надеваме дека задниот дел од гимназијта ќе испише нови страници љубов и харизма во иднина.

Пренесете го Вашето мислење на OPIN

OPIN платформата претставува европска алатка за електронско учество на младите. 
Коалиција на Младински Организации СЕГА започна со имплентација на проектот OPIN во Март 2017, со цел зголемување на младинското електронско учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Прилеп