LAST MINUTE! Tренинг за младински работници во Падова, Италија!

Во период од 10.09.2017 до 16.09.2017 година, Младински Совет Прилеп во партнерство со Интеркултурен Центар XENA од Италија, организира тренинг за младински работници, како дел од  проектот „StoryBorders II” во Падова, Италија.

 

Целта на овој тренинг е да им помогне на младите работници да можат да обезбедат квалитетна поддршка за развивање вештини и компетенции во новинарското раскажување, објаснети од експерти преку различни методи, алатки и дигитални ресурси.

Критериуми за учество:

  • Возраст над 18 години
  • Искуство во граѓански сектор 
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 03.2018
  • Разговорно познавање на Англиски Јазик
  • Да бидете член на Младински Совет Прилеп

Сите заинтересирани учесници, можат да се пријават со пополнување на апликацијата.
Пополнетата апликација испратете ја на: andrej.gabroski@ycp.org.mk , најдоцна до 31.08.2017 година до 12:00ч!

 

 

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на andrej.gabroski@ycp.org.mk  или на телефон 075 290 286 и 078 603 454.