Што се случува на тренингот за младински работници во Италија?

Започна тренингот “StoryBorders 2” организиран од XENA Италија во соработка со Младински Совет Прилеп.

Во текот на оваа работна недела, од 11 до 15 Септември, 15 учесници од Македонија, Босна, Грција и Унгарија, заедно со професионалци и експерти во областа на новинарството ќе го искористат стрип јазикот за книги кој што ќе се рефлектира на миграцијата како процес во светот.

Младински Совет Прилеп со свои 3 учесници ќе придонесат кон оваа цел со што ќе ги претстават своите илустрации на финалниот настан кој ќе се одржи на 15 Септември на градскиот плоштад во Падова,  преку подготвени слики и видеа.