The Weekend ги восхити фановите со новото хоби

Музичката легенда The Weekend повторно ги изненади своите фанови. Овојпат со своето ново хоби, кое никој не го очекуваше. Музичката ѕвезда објави дека сака да го истражува музичкиот свет, но овојпат на радио.

Hip hop и R&B пејачот подготвува музичко радио шоу Beats 1 show – Memento Mori. Веста за своето музичко радио шоу The Weekend ја објави на социјалните мрежи во средата – 6 јуни, пред официјалниот почеток на радио емисијата во петок. Веста веднаш поттикна лавина од коментари кои секако беа позитивни и охрабрувачки.

Музичкото шоу Memento Mori ќе претставува емисија која ќе презентира еден комплет на музика која би служела како инспирација во доцните вечерни часови.

Во продолжение погледнете што напиша младиот Абел на социјалните мрежи.

Му посакуваме многу успех со новото хоби.