Нешто различно во рап културата – Rap Skillz Македонија

Дел сме од едно општество каде што многу тешко може да се негуваат субкултурни движења,  заробени во Турски серии и Српска Музика, се појави една група на млади кои промовираат рап култура на еден различен начин, карактеристичен за Американската Рап култура во минатите години.

Battles и Punchlines се дел од овие настани кои веќе околу една година се одржуваат во повеќе градови во Македонија. На последното видео настапуваат Laz Vegjas (Rap Pozitiv) и Lux Kmala (Rap Pozitiv/Inklingz) од една страна и Koljo (DrunkFlow) и JASmin (DrunkFlow). 

Форматот на бетловите е со веќе подготвени текстови, што е во ред, сепак недостигот на музика за време на настапите треба да се промени во иднина за да добие на квалитет. Во секој случај од видео во видео дечките стануваат се подобри и подобри и вреди да им се посвети внимание. 

На веб страната на Rap Skillz,  во делот, За Нас е  напишано.

“Бетл лигата која го зафати целиот Балкан, дојде и во Македонија. Rap Skillz организира настани каде пријавените имаат можност да се натпреваруваат меѓу себе преку форматот на претходно напишани акапела текстови. Натпреварувањето се базира врз три рудни во кои противниците ќе ги покажат своите вештини, па според тоа судиите ќе го одлучат победникот. Овој формат на натпреварување за прв пат се појавува во Македонија и ќе се одвива низ повеќе градови од државата.“