Прошетка низ претставите на МТФ! Во разговор со главните ликови..

Прошетка низ историјата во 3 претстави, секоја за себе со посебно волшепство прикажувајќи ни ги љубовта и војната. Преку “Љубовни пози на историјата “ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп во режија на Наташа Поплавска до “Злосторство и казна” на Достоевски одиграна од НУ Народен театар – Битола во режија на Диего Де БРЕА.

 Претставата “Љубовни пози на историјата “ се впушта со потрагата по љубовта во војната. Отсликувајќи ја претставата, авторот вели: Војните доаѓаат кога љубовта омалаксува. Во тој контекст, претставата изобилува со ликови кои се архиетипски преземени од сите слоеви на општеството, од највисоките – како бароницата, па се до селаните. Текстот е актуелен и со сето што се случува во Европа, со сите зовриени емоции.

Восхитувајќи се на Достоевски, размислувајќи “да се биде или не”, барајќи мудрост од Чехов ја гледавме испитната претстава на ЕСРА – Универзитет за Аудиовизуелни Уметности – Скопје.

Покрај големиот број актери, секој со своите афинитети, ние разговаравме со Никола Колев студент на универзитетот ЕСРА кој играше во улогата Галеб – Чехов.
За својата глума тој ни нагласи дека ликот кој го избрал преку подолг процес на анализа и работа со помош на професорот. Во однос на ликовите кој ги преферира ни сподели дека се одредил на самоубиствени и меланхолично а до сега најтешка ја смета онаа на галебот, но кога би можел да бира, би ја избрал Хамлет која е улога од соништата за него. Како предизвици во улогите ги гледа навлегувањето и внесувањето во ликот но и детална анализа, а најголем на улогата е испитувањето на емоционалната состојба на ликот. Наредна улога што би ја избрал во истоимената претстава таа е улогата на Родео Романович Раскољников.

Напиша:
Исидора Овезоска