Прилепско културно лето: Концерт на Дуо Рибарски

Како дел од овогодишното Прилепско културно лето, во Вторник, 18.07.2017, со почеток од 20:00 часот, во просториите на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, Изложбен салон, ќе се одржи концерт на Дуо Рибарски како дел од нивната 40 годишнина. Кирил Рибарски – тромбон и Милица Шперовиќ – Рибарски – пијано, ќе се претстават со композиции од Дебиси, Равел, Шопен, Албениз, Де Фаља, Гаљарди, Трајчевски, Рибарски, Д.Ѓаконовски – Шпато и Монти. Влезот е слободен.