Причините наспроти иновативните алатки за намалување на невработеноста кај младите / WORKPETENCE

Недоволна квалификација и недостатокот на вештини кај младите луѓе, им даваат многу поголеми шанси да бидат невработени преку кои што се категоризираат во структурна невработеност на глобално ниво.

При подобрување на условите и намалување на невработеноста кај младите, неколку земји веќе имаат усвоено или ги проширија мерките за подобрување на интеграцијата на младите на пазарот на трудот преку насочени интервенции. Тие вклучуваат програми за обука на млади на пазарот на трудот и програми за работно искуство, помош при барање работа и други служби за вработување, од кои многу можат да бидат насочени кон најзагрозените млади луѓе за да ги спречат да излезат од работа. На пример, во Европската унија, ILO им помага на земјите да ги спроведат програмите за грантирање на младите. Промовирањето на квалитетни стажирања, неформални или формални, претставува уште едно решение за осигурување на можноста младите после завршување на училиште да продолжат со работа.

Помеѓу модерните начини и решенија при намалување на невработеноста, фокусот се оттргнува на традиционалните работни задачи и главните патни правци, на студентите им требаат конкретни совети за различните можности што им се достапни после завршување на образованието. Менторството може да помогне во зајакнување на нивните кариери и да ги насочи кон вистинската кариера врз основа на нивните вештини. Кога вештините ги пресретнуваат барањата на работодавачите, невработеноста во општеството е помалку веројатна.

Исто така, наместо држењето до една работна средина или можност, младите треба да можат да експериментираат и да се ангажираат во различни индустрии ширум светот. Ова им помага на младите да ги прошират своите перспективи и да го изберат нивниот пат за напредок во кариерата. Ова бара зголемување на можностите за работно искуство во сите индустрии.

Преку проектот WORKPETENCE, ќе се обезбеди поддршка и квалитетно советување од страна на младинските работници на младите од NEET групата преку креирање на нова алатка за проценка на можностите за вработување. Младите луѓе ќе можат да дознаат и да добијат широк спектар на информации кои ќе бидат корисни за нив на лично, а ќе бидат развиени од признати психолози и консултанти за кариерно насочување. Овој проект примарно се фокусира на индивидуата, а не на NEET групата млади. WORKPETENCE ќе има директно и ефективно влијание, не само врз младинските работници и  oрганизациите преку кои учесниците кои ќе бидат вклучени во проектот и активностите, туку во текот и после завршувањето на проектот се очекува да се зголеми влијанието и врз младите севкупно. 

Workpetence претставува онлајн алатка за биланс на компетенции за вработување на младите, а има за цел младите луѓе да се подготват и активно да се вклучат и да одговорат на потребите на пазарот на трудот. Целта на проектот е да се зголемат способностите и вештините на младинските работници за помош при вработување на младите.