Повик за волонтери за 7 дневна едукативна програма во Полска!

Фондацијата EUROWEEK од Полска објавува повик за избор на волонтери, за 7 дневна не формална, едукативна и културна програма во BystryzcaKlodzka, Полска.

Повикот е отворен за сите млади од 19-30 години, кои сеуште студираат или имаат завршено факултет, поседуваат лидерски вештини и имаат високо познавање на Англиски Јазик.
Програмата ќе биде фацилитирана од Млади Лидери (волонтери) кои доаѓаат од различни култури од целиот свет.До денес, вклучени се волонтери од Африка, Азија, Америка и Европа. Програмата се фокусира на 4 клучни ареи кои што им требаат на студентите најмногу во оваа променлива општествена средина: интеркултура, социјалност и комуникации, интелектуалност и креативност.
EUROWEEK ќе им овозможи на студентите да ги прошират своите перспективи за културните разлики во светот и да ги подобрат своите вештини за интернационална соработка.

Квалификации:
– 19-30 години
– Учат или имаат завршено факултет
– Ускуство во работа со групи на ученици од основно, средно и високо образование
– Можат да се приспособат на промените од стилот на живот и општествената средина
– Можат да се адаптираат на различни типови луѓе
– Поседуваат креативност и флексибилност, способност за решавање проблеми

Сместувањето и храната за учесниците се обезбедени од страна на организаторот, додека трошокот за превоз го плаќа секој учесник.

Доколку сте заинтересирани да бидете потенцијални кандидати за учество, потребно е да ни испратите CV на нашата маил andrej.gabroski@ycp.org.mkнајдоцна до 24 Април 2017 година.