LAST MINUTE – Повик за 8 учесници на младинска размена во Бугарија

Во период од 06.09.2017 до 15.09.2017 година, Младински Совет Прилеп во партнерство со АСО Спортен Клуб од Бугарија, организира младинска размена, како дел од  проектот „Social Inclusion Movement” во Видин, Италија.

 

Во денешно време, во многу области од јавниот живот постои тенденција за социјално исклучување – расизам, ксенофобија, маргинализација, отфрлање, стереотипи и други. Младите се соочуваат ситуации каде што се привремено или трајно исклучени поради неколку причини како што се националност, потекло, висина, тежина, изглед, компетенции итн.

Младинските работници ќе го подобрат своето знаење за здрави животни стилови, практики за социјално вклучување преку неформално учење и нездрави навики во исхраната. Тие ќе ја подигнат свеста за тоа како тимските спортови можат да ја поддржат социјалната инклузија и ќе се здобијат со чувство на независно активно учење за сопствениот здрав начин на живот и практики на социјално вклучување.

Критериуми за учество:

  • Возраст над 15 години
  • Искуство во граѓански сектор 
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 03.2018
  • Разговорно познавање на Англиски Јазик
  • Да бидете член на Младински Совет Прилеп

Трошоците за патуавњето ќе бидат на товар на учесниците, со принцип на рефундирање по завршувањето на размената, во износ од 180 Евра по учесник.

Напомена:
Поаѓањето на учесниците е на 07.09.2017, во раните утрински часови!

Сите заинтересирани учесници, можат да се пријават  на andrej.gabroski@ycp.org.mk, со испраќање на кратка биографија (cv), најдоцна до 06.09.2017 – 10:00ч!

 

Младински Совет Прилеп е одговорна организација за регрутација на 7 учесници. Доколку сакате да бидете дел од оваа размена треба да бидете член на Младински Совет Прилеп. Прочитајте повеќе и станете член.