Младински Совет Прилеп објавува повик за ментори на ЕВС волонтери

МЛАДИНСКИ СОВЕТ  Прилеп објавува повик за избор на 2 ментори во рамките на ЕВС проектoт „Пулс Радио 2.0“ одобрен од Еразмус+ програмата.

Проектот вклучува 2 волонтери од Молдавија кои ќе работат на произведување аудио книга со светски приказни, ќе организираат работилници за младите од Општина Прилеп, ќе подготвуваат статии за организацискиот веб-сајт и сл.

Повикот е отворен за сите млади од Прилеп кои се на возраст од 18 – 30 години, имаат солидно познавање на англиски јазик, се комуникативни и пријателски насочени.

Европски волонтерски сервис – ЕВС, има за цел да поддржува реализација на неформални образовни проекти кои овозможуваат: подобра мобилност, можност за меѓу – културно учење, активна социјална партиципација, личен и професионален развој, можност на младите луѓе да се запознаат со европските вредности, како солидарност, различност и еднаквост со младите луѓе од цела Европа и пошироко.

Обврски и одговорности на Менторот:

-Улогата на менторот е да придонесе кон прилагодување и подобрување на социјалниот живот на волонтерот за време на неговиот престој во Македонија;

-Да го запознае волонтерот со културата, традицијата, начините на живот во Македонија;

-Минимум еднаш неделно да остварува неформални средби со волонтерот за негова поддршка;

-Да го следи неговиот личен и професионален развој;

-Редовно да контактира со ЕВС координаторот.

Доколку сте заинтересирани, потребно е да ни испратите мотивационо писмо и кратка биографија на нашата е-маил адреса andrej.gabroski@ycp.org.mk најдоцна до (петок) 14 Јули 2017 година.

Напомена:

Со селектираните ментори на ЕВС волонтерите ќе биде потпишан договор за менторство.

Периодот за менторство е со времетраење од 20.07.2017 до 09.03.2018 година, за кој што избраните ментори ќе добијат сертификат.

Позицијата ЕВС ментор е волонтерска.