“Perfect Simphony” на Ед Ширан и Андреа Бочели ја имаше својата прва изведба во живо

Дуетскиот мегахит “Perfect” на британскиот пејач и текстописец Ед Ширан конечно изведена во живо.

Оваа песна е дел од третиот по ред албум на Ед Ширан. Песната доживеа голема популарност особено после дуетот со американската пејачка Бијонсе кој беше објавен на 01 декември 2017. Пејачот сними дует и со оперскиот пејач Андреа Бочели кој за првпат беше објавен на 15 декември 2017.

Песната во Велика Британија беше прогласена и за Божиќна песна бр.1 за 2017 година.

Романтичната балада уште при првото слушање остави голем впечаток кај публиката посебно заради емотивноста со која е испеана.

На 16 јуни на стадионот Вембли во Лондон Ед Ширан одржа концерт за паметење пред својата огромна публика од фанови.  Најголемото изненадување за публиката беше појавувањето на оперскиот пејач Андреа Бочели кој му се придружи на легендарниот пејач и заедно ја изведоа нивната верзија на “Perfect Symphony”. Ова беше првата изведба во живо, која наиде на огромна поддршка од страна на публиката, а беше прифатена со многу емоции и восхитување.

Во продолжение, погледнете го видеото од изведбата на “Perfect Symphony”