Outdoor Cinema – Меѓународен ден на младите

Младински информативен центар „ИНФО СЕГА“ Прилеп и Младински Совет Прилеп го прославуваат Меѓународниот ден на младите со отворено кино “OUTDOOR CINEMA – International Youth Day” на ден 13.08.2018 (понеделник) во 21:00 часот. 

Ги покануваме сите млади да ни се придружат на овој настан пред Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, заедно да го одбележиме овој значаен датум и заедно да го погледнеме филмот: “Soul Surfer”. Филмот има импресивно мотивирачка содржина која го следи животот на една млада девојка чија најголема желба е сурфањето, а ќе не научи како да бидеме истрајни во нашите одлуки, да не се откажуваме и да се соочиме со нашите најголеми стравови.
На настанот, воедно младите ќе имаат можност и да разменат мислења, идеи и искуства, како и интересни предлози за дополнителни активности на ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп кои ќе бидат имплементирани во иднина. 

Меѓународниот ден на младите се одбележува секој 12ти Август во светски рамки од 2000-та година и има за цел да привлече внимание кон најважните приоритети и потреби на младите и да постави насоки за нивно остварување.