Обновување/ замена на семафорите и пешачкиот премин на раскрсницата кај Чумовчанец

Оваа иницијатива е дадена како предлог за разгледување и коментирање од млади лица кои живееат во близина на раскрсницата. Имено се работи за доста прометна улица, а семафорите за пешаци често не работат.

Раскрсницата кај „Чумовчанец“ се наоѓа во самото градско подрачје на потегот према „Могилата на Непобедените“ и старата автобуска станица. Оваа улица е многу прометна како со автомобили, така и со пешаци. Исто така, голем број на граѓани живеат тука. Без разлика на начинот на живот, на сите им треба соодветна сигнализација и добро обележан пешачки премин. Тоа би ја подобрило безбедноста во сообраќајот на оваа многу важна точка во Прилеп.

Поставената сигнализација на овој дел е стара повеќе години, при што претставува еден дел на соодветна опасност што може да придонесе за сообраќајни незгоди и несакани последици. Затоа, градот Прилеп би требало да обрне поголемо внимание на овој дел, како што се веќе средени најголем дел од тие важни точки во центарот.

Се надеваме дека оваа идеја ќе наиде на одобрување.

Пренесете го Вашето мислење на OPIN

OPIN платформата претставува европска алатка за електронско учество на младите. 
Коалиција на Младински Организации СЕГА започна со имплентација на проектот OPIN во Март 2017, со цел зголемување на младинското електронско учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Прилеп