Нова можност за младите. Семинар за младински работници во Полска

Во период од 5ти до 10ти Март 2018 година, Младински Совет Прилеп,
во партнерство со седум организации од
Литванија, Република Чешка, Шпанија, Хрватска,Романија, Бугарија и Полска
организираат семинар за младински работници, како дел од проектот:  

Face to face: live libraries in youth education во Полска.

Главната идеја за реализација на овој проект е да се создадат услови за развој на младинските работници преку стекнување на нови вештини и користење на методот на “живи библиотеки”, кој претставува одлична алатка за работа со млади, а воедно да им помогне на младите луѓе да го подигнат нивото на толеранција, да ја зголемат отвореноста кон другите луѓе и да помогнат кон отфрлање на стереотипите кои постојат
во општеството.
Методот на “живи библиотеки” е релативно малку познат и не се користи често. Тоа е техника која овозможува длабински и убедлив интекултурен дијалог, надминување на стереотипите и отворање кон друга личност – лице во лице. Учеството на овој семинар ќе биде можност за стекнување на нови теоретски знаења (работилници со експерти), но исто така и можност за стекнување на практични вештини – преку oрганизирање на живи библиотеки во текот на семинарот и реализирање на сопствени иницијативи за примена на овој метод по завршувањето на семинарот во заедницата од каде што доаѓаат учесниците.

Критериуми за учество:
– возраст над 18 години
– младински работник и исуство во работа со млади
– валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 09.2018
– разговорно познавање на Англиски јазик
– да бидете член на Младински Совет Прилеп.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават на andrej.gabroski@ycp.org.mk со испраќање на кратка биографија (CV), најдоцна до 16.02.2018 година, 16ч.