“Nice For What” на Дрејк веќе шеста недела на врвот на Billboard Hot 100

Најновиот музички хит на Дрејк “Nice For What” е веќе шеста недела на врвот на Billboard Hot 100. Овој музички рекорд го надминува и Мајкл Џексон кој беше предводник на оваа категорија.

Прв на листата со најголемо задржување на музичкиот врв во историјата на музиката е Usher кој бил на врвот на топ листите низ светот цели 47 недели.

Канадскиот хип хоп пејач Дрејк има издадено голем број музички албуми како: “So Far Gone” (2009), “Take Care” (2011), “Views” (2016), “More Life” (2017), “Scary Hours” (2018), “Scorpion” (2018), како и голем број на музички синглови како: “Child’s play”, “All Me”, “Back To Back”, “Know Yourself”, “God’s Plan” и други. Дрејк има и многу дуетски песни, од кои најпозната е: “Work” со Rihanna, која исто така долго време се задржа на врвот на светските музички топ листи.

Во продолжение слушнете го најновото музичко остварување на Дрејк “Nice For What”.

Уживајте!