Џастин Тимберлејк го најави новиот албум Man of the Woods

Justin Timberlake изјави дека ќе го објави својот нов албум Man of the Woods на 2 февруари. Денес, поп пејачот повторно се враќа да го открие волкот кој ќе го придружува преку неговата метафорична патека во музичката пустина. Според Pitchfork, петтиот студиски албум на Тимберлејк ќе има чести соработници како Timbaland и The Neptunes заедно со Алиша Кис и Крис Стејплтон.

Пред неколку денови исто така се појави песна за која се тврди дека е дел од новиот албум на Џастин, така слушнете ја и неа и судете дали ова е новиот или стариот Џастин. Ние сметаме дека почетокот на оваа година ќе биде обележан со новиот албум.