„Мрежа на Младински Банки – Македонија“ – Новата иновативна приказна за младите

Мрежата на младински банки Македонија (YBNM) е отворена мрежа за поддршка на вработувањето на младите користејќи го моделот на младински банки. Овој модел носи спектар на придобивки за младите луѓе кои се вклучени, особено во однос на нивните вештини, доверба, личен раст и развој. Како носители на одлуки, младите исто така развиваат работна предност преку учење за буџет, работа во тим, проценка на проектите според упатствата и барањата што ги поставиле, ефикасно финансирање и комуницирање на нивната порака преку различни медиумски платформи. 

Доколку Вие сте млади или граѓански организација и активно работите со млади, пријавете се и бидете дел од иновативна приказна која ќе помогне иднината на младите да е во Македонија, а не надвор од неа!

Повеќе информации за повикот

Мрежа на Младински Банки – Македонија