Проследете ја изложбата на фотографии „Москва денес“ – 28.02.2018

Денес, 28.2.2018 од 19.00 часот во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на фотографии „Москва денес“, што Центарот ја реализира со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

Изложбата, којашто се базира врз основа на официјалните фото-материјали доставени од Град Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина. На неа ќе бидат претставени
реновирани знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.

Изложбата „Москва Денес“ се реализира во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија и е проект на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество.