МЛАДИНСКА РАЗМЕНА во Trakai, Литванија!

Во период од 19.11.2017 до 26.11.2017, Младински Совет Прилеп во партнерство со Асоцијација „Baltic-Turkish Culture Academy”,  организира МЛАДИНСКА РАЗМЕНА за проектот
„Advertising for Peace” во Trakai, Lithuania.

 

Целта на оваа размена е учесниците да ја зголемат својата свест на интеркултурните димензии, да го зголемат својот личен развој и автономија, своите вештини, со одраз на исламофобијата во Европа преку различни практики.

Критериуми за учество:

  • Возраст од 18 до 28 години
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од Maj 2018
  • Да има основно-разговорно познавање на Англискиот Јазик
  • Тимски дух, комуникација со млади од други држави, желба, принципиелност и мотивација за  извршување на работните задачи.
  • Да биде член на Младински Совет Прилеп

Сместувањето, хараната и активностите за време на размената се на товар на организаторот. Патните трошоци ќе бидат рефундирани по завршувањето на размената врз основа на Erasmus+ процедурите.

 

Сите заинтересирани учесници, можат да се пријават на следниот линк , најдоцна до 16.10.2017.

Младински Совет Прилеп е одговорна организација за регрутација на 7 учесници. Доколку сакате да бидете дел од оваа размена треба да бидете член на Младински Совет Прилеп. Прочитајте повеќе и станете член.

 

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на е-маил andrej.gabroski@ycp.org.mk  или на телефон 075 290 286 и 078 603 454.