ИТЕН ПОВИК за учесници за младинска размена во Струга, 20-25 јули 2017!

ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗАВРШИ!

ИТЕН ПОВИК за учесници за младинска размена во Струга, 20-25 јули 2017!

Повик за 6-7 учесници, по можност со искуство како извидници, на возраст од 16 до 22 години, за младинска размена помеѓу учесници од Македонија и Белгија во периодот 20-25 јули 2017 во Езерски Лозја, Струга. Цел на проектот е културна и социјална размена на млади извидници, дружење преку активности на плажа, во планина, искачување на Јабланица со организиран водич, посета на Вевчани, тимска работа, учење на нова култура и традиција и слично.

Сите трошоци се покриени,  се тргнува од Прилеп со сопствен превоз за кој трошоци ќе ви бидат рефундирани (задолжително да се чуваат сметките и картите од превозот), обезбедени се три оброци на ден и сместување во 2,3 и 4 креветни соби. Агендата започнува во 10 часот.

По завршувањето на размената, учесниците ќе се стекнат со сертификат YOUTH PASS за учество на Erasmus + проект.

Сите заинтересирани кој ги исполнуваат критериумите да се пријават со Име и Презиме, контакт телефон и е-маил на mihail@ycp.org.mk или телефонскиот број 075 503 954, најдоцна денес, 19.07, до 16 часот!

Повеќе информации околу проектот ќе пронајдете во инфо пакетот тука.

Доколку сакате да бидете дел од оваа размена треба да бидете член на Младински Совет Прилеп. Прочитајте повеќе и станете член на: http://bit.ly/MSPChlenstvo