Бидете млад новинар на “PULSE Radio

МЛАДИНСКИ СОВЕТ Прилеп објавува повик за избор на еден млад новинар на “PULSE Radio” за време на Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрунски“ Прилеп.

Младиот новинар за време на фестивалот, во период од 09 до 16 Јуни, ќе ги има следниве одговорности:
– да присуствува на сите претстави со што ќе коментира и репортира за истите,

– да оствари интервјуа со актерите

– да подготви вести и статии наменети за “PULSE Radio”.

Повикот е отворен за сите млади од Општина Прилеп, на возраст од 18 до 30 години, кои имаат желба и мотивација да се вклучат во новинарскиот свет.

На избраниот новинар ќе му биде доделена прес-дозвола со која ќе му биде обезбеден непречен влез за време на фестивалот.

Доколку сте заинтересирани, потребно е да ни испратите мотивационо писмо и Ваши лични податоци на следната е-маил адреса: andrej.gabroski@ycp.org.mk, најдоцна до 09 Јуни 2017.

Позицијата на новинарот е волонтерска.