Новогодишна честитка на уште еден млад музички талент од Македонија

Младата Марија Спасовска претставува исклучителен млад талент која иако има само 12 години, плени со својот глас и интерпретација. Во март 2018 година, ја очекува уште еден меѓународен натпревар во Москва „Открити ја Европа“ каде што ќе ја претставува Македонија како единствен кандидат од нашата земја.

Иако има само 12 години, нејзиното досегашно искуство е прилично богато. Има издадено свое промотивно ЦД со вкупно 7 соло песни. Учествува и добитник е на награда за финалист од детска категорија при „Кастинг талент шоу“. Во истото шоу добива улога за мал ангел во првиот македонски мјузикл „Тајно Моја“. Има освоено и две награди со второ место на настапи во Минск, Белорусија и во Струга.

Покрај сите досегашни нејзини соло песни, погледнете ја во прилог нејзината нова интерпретација наменета за Новата 2018 година, како честитка за сите нас. Слушнете ја изведбата од Марија Спасовска на песната „Hallelujah“ која звучи совршено.