Maroon 5 ја изненади публиката со нова песна и видеозапис

“Girls Like You” е новото музичко остварување на Maroon 5 заедно со Карди Би. Деновиве, песната е една од најпрегледуваните музички нумери на youtube со 45,076,677 прегледи за само шест дена.

Видеоспотот за песната е интересно замислен и поставен, а самиот крај ќе ве воодушеви. Во него се појавуваат 25 жени кои танцуваат покрај Адам Левин. Во видеозаписот се појавуваат Џенифер Лопез, Ешли Грем, Елизабет Бенкс, Рита Ора, Елен Деџенерис, Камила Кабејо и други.

На самиот крај, пејачот ги прегрнува неговата сопруга Беати Принсло и ќеркичката Дасти Роуз.

Во продолжение, уживајте во музичкото ремек дело на Адам Левин.