ПК Мамути организира планинарски марш посветен на Томе Темелкоски

За прв пат Планинарски Клуб Мамути Прилеп го организира овај планинарски марш во чест на човекот кој го градеше домот на Селечка Планина – чичко Томе Темелкоски.
Турата е средно тешка која можи и секој почетник планинар да ја испешачи и ужива во убавините на Селечка
Се движиме кружно и ја опфаќаме едната половина од Селечка Планина.
Стартот е закажан во 08:00 часот од манастирот Св.Димитријa – с.Селце
Собирно место на учесниците е во центарот на град Прилеп од 7:00 до 7:30 часот од каде со возилата се упатуваме кон стартната точка (за учесниците кои го познаваат патот до манастирот можат слободно да се упатат таму).
Должина на патеката е 15 км.
-Првата пауза е на локалитетот Домајчинско Чешмуре(10-15 минути)
-Втората пауза е кај карпата наречена Сурато.(5-10 минути)
-Трета пауза (за поручек) е местото викано кај Стоговите(15-20 минути) од каде по сртот на Селечка се упатуваме кон споменикот Устрелец и одиме во Планинарскиот Дом Томе Темелкоски и спомен чешмата на Миле Хаџиристески каде што ќе се послужи со топол чај секој учесник.По паузата во Домот се спуштаме по патеката каде што се најдува карпата Желка и се упатуваме во манастирот каде следува ручек за секој учесник обезбеден од организаторите – ,,Прилепско гравче готвено на Мамутски начин”.
Исто така се потрудивме да изработиме сувенир маичка од маршот кои ќе бидат по симболична цена од
200 денари и истата ќе може да се купи на стартот и крајот од планинарскиот марш. (количините се ограничени)
После ручекот ќе се доделат благодарници за планинарските друштва и за најмладите учесници.