Македонија продолжува во втората групна фаза

МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА ОСВОЈУВА

Филип Талески им честита на противниците и рече дека Македонија ќе се подготвува уште поинтензивно, за да постигне голем успех на ЕП. Тој изјави:

„Најпрво да им честитам на нашите противници за фер и коректната игра. Тежок меч, ова за нас беше меч за душа, но мислам дека заслуживме да победиме. Голем успех за нас, бидејќи за првпат во историјата пренсуваме три бода во втората група. Сега ни преостанува да се припремиме добро за втората група и со мирни глави да заминиме за Вараждин“ 

Македонската ракометна репрезентација, по синоќешниот натпревар, за првпат во својата историја со три бода ќе отпатува во втората групна фаза на Европското првенство 2018. Нашите најдобри ракометари, настапите во Загреб ги завршија со две победи и едно реми, па во Вараждин патуваме како првопласирана селекција. 

Нови противници на Македонија, во групата 2, се на Данска, Шпанија и Чешка, а утрово Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди термините на одигрување на овие натрпевари:

Стартуваме со Шпанија на 21 јануари (недела) со почеток од 20.30 часот.
Вториот меч е два дена подоцна со Чешка (20.30).
Последниот меч во оваа групна фаза, односно со Данска на 24 јануари со почеток од 18.15 часот. 

МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА

Следете го EHF EURO 2018 – Croatia на Twitter