Започна истражувањето за подготовката на „Анализа на потреби“

Во склоп на активностите за подготовка на „Анализа на потреби на младите од Општина Крушево“, Младиснки Совет Прилеп, на 28 Јуни 2018, ја имплементираше првата фокус група наменета за утврдување на приоритетните потреби на младите од Општина Крушево.

На настанот учествуваа 22 учесници, претставници на локални младински организации, политички подмладоци, претставници на средношколски заедници, советник од локалната администрација кој работи на младинската проблематика, советници во советот на општината, претставници од рурални места, како и претставници од локални институции.

Од 1 Април до 31 Октомври 2018 година, Младински Совет Прилеп, во партнерство со Општина Крушево и Локален младински совет при Општина Крушево, го имплементира проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево“ во рамките на „Граѓанските организации во служба на локална стратегија“, спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија, со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот, проект, чија што цел е да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво.