„Креирање локална младинска стратегија во Општина Крушево“ – Започна новиот проект на Младински Совет Прилеп

Младински Совет Прилеп започна со имплементација на проектот
„Креирање локална младинска стратегија во Општина Крушево“.

 Во партнерство со Локална Самоуправа при Општина Крушево, и Совет на Млади во Општина Крушево, ќе придонесеме кон подобрување на генералната состојба на младите во Општина Крушево, како и креирање Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево. 

 

 

 

Младински Совет Прилеп ќе го имплементира проектот „Креирање локална младинска стратегија во Општина Крушево“ во рамките на „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европска Унија преку ИПА 2 инструментот.

Создавањето на младинска стратегија ќе биде патоказ и ќе даде јасни инструкции на локалната самоуправа, како треба да се движи развојот на локалната заедница и подобрувањето на генералната состојба, специфично и фокусирано од призма на младите и младинските прашања. Граѓанските организации ќе имаат можност да ги споделат наодите и предизвиците во однос на нивната тематика и младите како социјалната група, и во иднина ќе можат да лоцираат ресурси за подобрување на состојбата во однос на приоритетите на Локалната младинска стратегија и со тоа активност да учествуваат во развојот на локалната заедница. Најголем бенефит ќе имаат младите како финални корисници од мерките кои ќе произлезат од Локалната младинска стратегија.

Во тековниот месец, Младински Совет Прилеп оствари координативни средби со ЛС при Општина Крушево, и Совет на Млади во Општина Крушево за успешен почеток и имплементација на активностите предвидени согласно проектот. Во наредниот период следува „Анализа на потреби“, во кој 150 млади од урбаните и руралните средини на Општина Крушево ќе можат да ги искажат потребите и проблемите, што ќе претставуваат основа за да се планираат програми за млади, како и развој на тие програми и политики, вклучувајќи ги сите сектори кои ги засегаат младите во секојдневното живеење

Следете не’ и директно вклучете се во нашите активности!

Овој документ е продуциран со финансиска поддршка од Европската Унија ИПА 2 инструментот. За содржината на овој документ целосно е одговорна „Младински Совет Прилеп“ и во никој случај не ги рефлектира ставовите на Европската Унија.