“Live It Up” – официјалната песна која ќе го обележи Светското првенство во фудбал 2018

Во тек се последните подготовки за светското првенство во фудбал 2018, а истовремено изненадувањата од организаторите не стивнуваат. За еуфоричната спортска атмосфера ќе придонесе и најновото музичко остварување: “Live It Up” на светските музички поп, хип-хоп и R&B ѕвезди.

“Live It Up” e хитот кој ќе го обележи Светското првенство во фудбал (FIFA World Cup 2018). Музичкиот сингл е во изведба на познатата пејачка од Косово – Ера Истрефи, порториканскиот пејач Ники Џам и познатиот актер Вил Смит.

Уште од првото објавување музичкиот видео спот привлече големо внимание на социјалните мрежи и лавина од позитивни коментари од музичките критичари.

Песната “Live It Up”, е во продукција на Diplo, The Picard Brothers и Free School. Песната беше пуштена во музичкиот етер на 25 мај 2018, а видео спотот на 8 јуни. Во видео записот се прикажани фудбалски моменти од целиот свет.

Во продолжение уживајте во прекрасната музичка нумера.