Во понеделник ќе се одржи ликовната изложба „Ченто – биографија низ фотографија“

Во понеделник (24.07) во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи ликовната изложба насловена „Ченто – Биографија низ фотографија“ по повод одбележување на 60 годишнината од смртта на Методија Андонов – Ченто. Изложбата е во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, а како автор се појавува Рубинчо Белчески – историчар, кустос, советник.