Зошто во некои земји се вози од левата страна?

Во скоро 80 држави и делови од земјите се вози од левата страна на коловозот, иако поголемиот дел од жителите насекаде во светот практикуваат возење од десната страна. 

Иако страната на возење и возењето датираат уште од управувањето на кочиите, кога воините ги управувале со лева рака поради неопходноста за напаѓање со десната рака, со што нациите започнале да прават избор на страната на возење. 

Ова одлучување продолжилои во средновековната Европа, кога британската влада со закон одредила да се вози исклучиво од левата страна. Меѓутоа, Франција ја избрала десната страна за возење бидејќи Наполеон бил леворак и јавањето на десната страна се сметало за воена тактика на заплашување.

Додека пак во САД, возењето на десната страна датира уште од кога товарните вагони ги влечеле коњи, а јавачите јавале од левата страна на патот за да можат полесно да ги управуваат животните со десната рака. Страните биле променети со цел да се избегнат судири.

Со појавата на автомобилите и зголемениот сообраќај, многу земји избрале да се возат од десната страна, со цел да се прилагодат кон светскиот тренд.

Државата Самоа во 2009 година го префрлила возењето од десната на левата страна, бидејќи повеќето возачи се служеле со увезени автомобили од Австралија и Нов Зеланд.