Сакате да учествувате на летен камп? Пријавете се!

Младински Совет Прилеп заедно со другите членки на Youthocracy мрежата објавуваат 
покана до младите за учество на летен камп во Кипар кој ќе се одржи од 03-09 септември 2018 г.

Оваа година, домаќин на нашиот летен камп “Young Friends of the Earth Europe (YFoEE)”
ќе биде Кипар! 

YFoEE e мрежа на млади која веќе 10 години ги надоградува капацитетите на младите кои работат во сферите на социјалната и еколошката правда низ Европа и пошироко. Преку настаните и активностите на YFoEE, многу млади луѓе имаат стекнато алатки за пренесување на своите пораки до јавноста и до донесувачите на одлуки, за планирање на ефективни кампањи и за менување на нештата кон подобро, за сите. YFoEE е мрежа која обезбедува безбеден простор за учење, надоградба, поставување на тешки прашања, градење на сојузништва и покажување солидарност.

Доколку имате под 30 години и би сакале да дознаете повеќе за тоа како да станете активист за заштита на животната средина и општеството, тогаш аплицирајте за учество на овој летен камп, дојдете и придружете ни се!

Оваа година, нашата главни теми ќе бидат препознавање и работа за отстранување на поврзани форми на угнетување, како што се расизмот, сексизмот, трансфобијата и намалените способности, преку број кампањи за социјална и еколошка правда.

Летниот камп ќе биде на англиски јазик, но може да се обезбеди и јазична поддршка (ве молиме наведете го тоа во вашата апликација).

Young FoEE ќе ги покрие трошоците за храна и сместување во летниот камп, како и патните трошоци.

Доколку сакате да бидете и вие дел од овој камп,
испратете CV на andrej.gabroski@ycp.org.mk,
најдоцна до 25 Мај, до 14:00 часот.