СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп распишува конкурс за ликовна изложба

Во чест на месецот на Франкофонијата, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп распишува конкурс за учество на изложбата на тема: „Слободни заедно, секој од свој агол – Libres ensamble, chacun par son coin.

Иницијативата Libres Ensamble беше лансирана на 10ти март, 2016 година од младите франкофони и генералниот секретар на Франкофонијата како реакција на феноменот за ужасната радикализација (политичка, идеолошка, социјална и религиозна) наа младите и зголемувае на тероризмот во светот.

Оваа иницијатива ги собира младите мотивирајќи ги да се мобилизираат, да се изразуваат и учествуваат со конкретни акции во служба на разноликоста, мирот, слободата, да живеат заедно со цел да се заштитат од лошите пороци кои водат до уништување.

Со изложбата „Слободни заедно, секој од свој агол“ сакаме да ги потврдиме вредностите на слободата, солидарноста, меѓусебниот дијалог, да го промовираме мирот, мешавината од култури како богатство, а живеењето заедно како основна човечка цел.

Пропозиции:

–        На конкурсот можат да учествуваат сите заинтересирани ученици и вработени во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп

–        Техниката на работа е потполно слободна

–        Форматот на сликите треба да биде 50х70 см.

Конкурсот е отворен до 10.02.2018 година

Пријавувањето се врши кај професорката Мирјана Бошковска. За повеќе информации заинтересираните да се обратат на: miraboskovska@yahoo.com.