Кои се компетенциите на младите врз потребите на пазарот на труд / WORKPETENCE

Младинска невработеност претставува невработеноста кај младите луѓе, кои Обединетите нации ги дефинираат како млади од 15-24 години. Невработено лице се дефинира како некој што нема работа, но активно бара работа. Со цел да се квалификува како невработен за службени и статистички мерења, младата личност мора да биде без вработување, да сака да работи и да биде способна за работа, да ја поседува официјално определената “работна возраст” и активно да бара работа.

Проценката од Меѓународната организација на трудот (МОТ) е дека денес во светот речиси 75 милиони млади луѓе се невработени. Овој број се зголеми за повеќе од 4 милиони од финансиската криза од 2008-9, а изгледите за подобрување на среден рок се влошуваат. Сè повеќе добива на значење сознанието дека нивоата на невработеност кај младите не се само огледало на деловниот циклус, туку постојано структурно прашање кое има различни причини и бара посебни решенија кои ги намалуваат фискалните, работните, социјалните и образовните проблеми на младите.

Новата економија која се базира на таленти претставува огромна можноста за личен, корпоративен и национален раст и развој. Но, неговите поинтензивни барања и брзиот развој на вештини го подигнаа бранот за нови работници. Традиционалните образовни модели за работа на училиште престанаа да го имаат главното значење во едукацијата на младите, при што на сила стапија моделите на обуки за стекнување на различни вештини и кариерни патишта кои градат пристап за влез во посакуваната работа и истите се користат за насочување на младите луѓе кон одржливи кариери. И самата ефикасност на новата економија значи дека нема да се создадат доволно работни места за сите млади луѓе кои сакаат да работат. Опасноста е дека без агресивни, проактивни работни места и стратегии за вработување на младите ќе се соочиме со недостиг на работа, социјални тензии и изгубена генерација на млади луѓе и во развиените и во земјите во развој.

Денес, најголем предизвик за младите е невработеноста, бидејќи младата генерација живее со поддршка на семејството, односно од солидарноста на родителите и најблиските роднини. Долгорочната невработеност ги прави младите луѓе, фрустрирани и незадоволни затоа што се принудени да се откажат или да ги одложат некои задоволства, обврски и основни потреби (брак, родителство и сл.) и на крај сето тоа има влијание како за поединците, така и за општеството.

Проектот WORKPETENCE ќе има директно и ефективно влијание, не само врз младинските работници и организациите преку кои учесниците кои ќе бидат вклучени во проектот и активностите, туку во текот и после завршувањето на проектот се очекува да се зголеми влијанието и врз младите севкупно. Преку овој проект ќе се обезбеди поддршка и квалитетно советување од страна на младинските работници на младите од NEET групата преку креирање на нова алатка за проценка на можностите за вработување. Младите луѓе ќе можат да дознаат и да добијат широк спектар на информации кои ќе бидат корисни за нив на лично, а ќе бидат развиени од признати психолози и консултанти за кариерно насочување. Овој проект примарно се фокусира на индивидуата, а не на NEET групата млади.

Workpetence претставува онлајн алатка за биланс на компетенции за вработување на младите, а има за цел младите луѓе да се подготват и активно да се вклучат и да одговорат на потребите на пазарот на трудот. Целта на проектот е да се зголемат способностите и вештините на младинските работници за помош при вработување на младите.