Волонтирајте на Krali Marko Trails 2017

Организацијата на најголемиот планински ултра-маратон во Македонија – Krali Marko Trails (22-24.09.2017 – Прилеп) никогаш не би била возможна без исклучително важната и неизмерна помош од волонтерите на настанот.
Затоа, организациониот тим на КМТ2017 ги повикува сите оние кои имаат желба и сакаат да помогнат во креирањето на еден од најуникатните спортски настани под отворено небо во Македонија, да се пријават и да помогнат во активностите.
За сите дополнителни информации слободно контактирајте на info@kmt.mk или на Facebook страната.

Пријавете се за волонтирање тука (http://kmt.mk/mk/volontiraj/)