Jingle Bells на поинаков начин – Mario Eddie & Robbie Ray Led Robot

Споделуваме Новогодишно видео со кое Mario Eddie  и Robbie Ray Led Robot ја подготвија Jingle Bell’s на еден поинаков начин!

Марио Кузманоски, уметничко име Mario Eddie. Од 2012 година издава музика за неколку странски издавачки куќи и веќе во 2013 година издаде песна во соработка со Micky La Freak – – Bumbea (Original Mix) за добро познатата издавачка куќа Hot Fingers Records. Во 2014 година го создаде дуото Future INC кое траеше околу 1 година, а потоа продолжи како Mario Eddie. Подоцна во 2015 година во соработка со Natasha ја издаде песната – Yours . Во 2016 година издаде уште една песна во соработка со Marko Logout – Morning Light (со видео запис) и ремикс на Eye Cue – Ista Pateka (Mario Eddie Official Remix). На крајот на 2016 година започна како дуо DISCONNECTED заедно со The Marshall и издадоа ремикс на песната – Gnash – I hate u, I love u (Disconnected Remix) ft. Olivia O’brien и авторска песна со Tyzee и Iwayo – Tyzee ft. Disconnected & Iwayo – After.

DJ Robbie Ray има уникатен сценски настап како LED ROBOT со co2 guns и ласерски нараквици. Има соработувано со една од најдобрите агенци во Мајами – Miami Djs. Настапува низ сите клубови низ целата Македонија и на голем број фестивали, настапуваше и на најголемиот Македонски фестивал Strumica Open заедно со Disconnected, во Скопје настапуваше како пред група на познатиот DJ James Zabiela.