Јавен повик за професор по Англиски Јазик во Младински Совет Прилеп

МЛАДИНСКИ СОВЕТ  Прилеп објавува повик за избор на 1 професор по Англиски Јазик во рамките на ЕВС проектoт „Пулс Радио 2.0“ одобрен од Еразмус+ програмата.

Проектот вклучува 2 волонтери од Молдавија кои работат на произведување аудио книга со светски приказни, ќе организираат работилници за младите од Општина Прилеп, ќе подготвуваат статии за организацискиот веб-сајт и сл.

Повикот е отворен за сите граѓани од Прилеп кои имаат стручно познавање на Англиски јазик за образовен процес при изучување на Англиско-Македонски Јазик, и искуство при дејноста во работа со ученици.

Обврски и одговорности на Професорот:

  • Спроведување вкупно 30 часа со времетраење од 90 минути во период од 3 месеци.
  • Часовите да се реализираат 2 пати во текот на една работна недела, во период помеѓу 10:00 и 16:30 часот.
  • Да ги запознае волонтерите со културата, традицијата, начините на живот во Македонија преку изучување на Македонскиот Јазик.
  • Да го следи нивниот личен и професионален развој.
  • Да оствари директна комуникација со волонтерите

 
 Доколку сте заинтересирани, потребно е да ни испратите Професионална Биографија (CV) на нашата е-маил адреса andrej.gabroski@ycp.org.mk најдоцна до 21 Август 2017 година (Понеделник).  

Напомена:

Со селектираниот професор на ЕВС волонтерите ќе биде потпишан договор за ангажманот.
Периодот е со времетраење од Септември до Ноември 2017 година, во зависност од договорните страни.
Позицијата на професор е со предвиден финансиски надоместок.

 

Европски волонтерски сервис – ЕВС, има за цел да поддржува реализација на неформални образовни проекти кои овозможуваат: подобра мобилност, можност за меѓу – културно учење, активна социјална партиципација, личен и професионален развој, можност на младите луѓе да се запознаат со европските вредности, како солидарност, различност и еднаквост со младите луѓе од цела Европа и пошироко.