Ретроспективна Изложба „Доживување“ – автор Кристина Битракова

Во четврток 7.12. 2017 од 19.00 часот во ликовната галерија на НУЦК„Марко Цепенков“
ќе биде отворена ретроспективната изложба „Доживување“
од уметницата Кристина Битракова.


За изложбата:

Секој од нас дејствувањето на живиот свет околу нас го доживува на различен начин.Обично тоа го правиме со претпазливост, скептицизам или некаква призма т.е. “Доживување“.Меѓутоа во битието на човекот е да тежнее кон слобода, односно тежнение кон светлината како неизбежен фактор на се што се раѓа, живее,
постои…..така настапува ослободување, ослободување од стравот за осознавање на самиот себе и светот што го гледаме низ нашето “Доживување“.Исконски и осмислено, определено и творечки, водени од слободата на духот, луѓето граделе и создавале од доживеаното – доживувачко, ја расчленувале вистината, потоа ја обединувале со ритамот на сериозниот живот, никогаш не губејќи ја животноста, храброста и ведрината кои подразбирале најголемо богатство на луѓето и нивната култура. Наследството, значи не е завршен резултат и не бара посебно почитување или восхитување, туку напротив, во единствениот тек со секое идно време ги поттикнува понатамошните случувања, менувајќи ја така повторно сликата за светот. Материјализираниот осмислен простор поттикнува сега и понатаму и повторно бара движење, а тоа се манифестира во секојдневниот живот на човекот.Човекот е живот и тој ги реализира сопствените вредности. Во просторното творештво, формата е синтеза за животната рамнотежа. Формите се менуваат со времето, според потребите и според животот. Јас не сум рамнодушна при согледувањето на можната загуба на оние нешта кои во детството, младоста, па и староста ми биле мили амбиенти, структури што во мене зараснале несвесно додека сум растела. Тој мој непомирлив револт изби на површина преку непредвидливата насока на линиите, па дури и на цели наклонувања и прешкртувања на структурите. Новото е носач на свежина, на нова линија, форма, флексибилна на потребите и барањата на просторот што го формира човекот. Тоа има поинаква убавина од старото. Како материја подложна на промени ја одбрав формата, и тоа, не ги обработив само временските промени модифицирани во вид на трошност, туку и промените застапени во идејните решенија на формите низ еден пресек во времето. Од друга страна, за да биде возможен изразот на духот на тие форми,
творечки ја внесов својата душевна карактеристика како уметник. Циклусот опфаќа форми создадени од душа, кои изгледаат бездушно, но сепак добиле дух поради мојата интервенција. Тоа разгледување на животното наследство од минатото, а кое се јавува и во иднината, низ една креациска авантура предизвика во мене своевидно осветление на некои појасно откриени духовни слоеви кои како прибежно упориште го креираат културниот код од ова поднебје со неговите творечки животни енергии.Еднаш создадените претстави остануваат и траат додека имам способност одново да ги создавам во нивната трајност. Во постојаниот допир во длабоката и вистинската смисла на творечката намера, ја пронаоѓам суштината на развојниот тек. Во тој однос, секогаш повторно остварувам дела, повторно ги опросторувам. Потрагата по нов тематски простор ја започнував како едно своевидно копање низ наслагите од чувства и емоции, изнаоѓајќи метафора искована од светот што ги буди тие чувства откако човек ке се соочи со стравот и ќе направи обид од него да го извади најубавото.Овие мои дела претставуваат мое индивидуално разрешување на сопствен конфликт, обид за ослободување од една дамнешна населена таинственост и космогоничност.Ваквото изразување беше лековито во текот на мојата работа,таинственоста се губеше, а Јас добивав некаква комична нота во изразот на трудот кој го започнав со страв,а го завршив со смеа кои токму поради тоа сметам дека овие мои дела се дел од еден интересен циклус какви само емоциите може да ги понудати реализираат.
Од Авторот