Коалиција СЕГА објавува повик за интеркултурна размена во Троген, Швајцарија

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на 17та по ред интеркултурна размена во детското село Песталоци во  Троген, Швајцарија.

Коалиција СЕГА, во рамки на проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” спроведува Интеркултурни размени во детското село Песталоци кои се посебна програма на која учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.

Интеркултурната размена во детското село Песталоци-Троген, Швајцарија ќе се реализира во периодот од 20 јуни – 04 јули 2017 година (исклучувајќи ги деновите за патување).  

По завршувањето на интеркултурната размена учесниците имаат одговорност задолжително да се вклучат во имплементација на активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.

Критериуми за учество:

  • Година на раѓање: 2004/2005
  • Ученици од ОУ ”Блаже Конески”- Прилеп, ОУ ”Братство Единство”- Охрид, ОУ ”Димитар Влахов“ – Штип, ОУ ”Гоце Делчев” – Гостивар, и ОУ “Елпида Караманди”- Битола.
  • Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)
  • Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 18.12.2017 година.
  • Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
  • Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории (ученици кои живеат во рурални средини, припадници на различни етнички групи, деца од семејства со пониски приходи, итн.

Коалиција на младински организации СЕГА ги поканува сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за учество да се пријават со пополнување на електронска пријава за учество на веб страната на Коалиција СЕГА www.sega.org.mk најдоцна до 17 мај 2017 година.

Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на е-маил  aplikacija@sega.org.mk

Пријавете се на следниот линк: ПРИЈАВА ЗА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА