“ИНФО СЕГА Караван“ – Недела на граѓански организации во Македонија

По повод Недела на граѓански организации, ИНФО СЕГА Кавадарци заедно со Коалиција на Младински организации СЕГА, организира „ИНФО СЕГА КАРАВАН“ во центарот на градот (12.09.2017).

Локалните млади имаат можност да се: информираат за Еразмус+ програмата, услугите на ИНФО СЕГА, да бидат дел од креативно катче, да ги пренесат своите идеи и да организираат Жива Библиотека.

Идејата е по повод „Нeделата на граѓански организации“ која трае од 11 – 17 септември 2017 да се презентираат разни услуги и можности кои невладините организации ги нудат за локалната заедница.
Серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации ќе бидат одржани низ цела Македонија.
Оваа активност е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество на УСАИД – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, да се презентираат разни услуги и можности кои невладините организации ги нудат за локалната заедница, организирани во периодот од 11-17 септември 2017 низ цела Република Македонија.

Тука можете да погледнете како изгледаше целокупниот настан!