Велигденски хуманитарен настан во центарот на Прилеп

Средношколскиот хуманитарен тим „Dream Team“ од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ по втор пат го организираат нивниот проект од хуманитарен карактер наречен „СПЛОТЕНИ ВО ХУМАНОСТ!“. Оваа година овој проект ќе се реализра со организирање на два настани кој опфаќаат:

– Хуманитарен музички настан во центарот на Прилеп кој ќе се оддржи на 15ти Април од 10 до 17 часот. Настапуваат: Александра Трајческа, Доротеа Дамјановска, Анастазија Христоска, КУД„ Моминок“- Прилеп,Banda Band, Дејан & Дино, New Generation, Лина Антоска и Јана Аџиоска, Теодора Јовеска, Филип Николоски, 2BE, Филип Шабаноски, Ивона Нанческа, Михаил Темелкоски Дворчанец.
– Хуманитарна забава која ќе се оддржи во club Синдикат на 20ти Април од 21:30 до 02:00 часот. Настапуваат:
Антонио Пејоски & The Band, Мario Eddie & DJ Haris & DJ Robbie Ray. Цената на картите е 50денари.
Средствата се наменети за мало девојче кое има потреба од подолго лекување во Италија (околу 6 месеци).

За повеќе информации за настанот и забавата можите да се обратите на:
075/752-756- Михаил 
075/869-580- Мартина
ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ И ОВОЈ ВЕЛИГДЕН. СИТЕ СЕ ПОКАНЕТИ.