Goodbye 2017- Завршен настан на „Инфо Сега“, Кавадарци

На настанот учествуваа околу 30 млади од средните и основните училишта во Кавадарци.

Најпрво се одржа Онлајн панел на тема „Младите и музиката“ и беше презентирана публикацијата од активноста “My city, intercultural city“. На панелот се дискутираше за тоа што значи да се биде млад музичар денес и кои се пречките што треба да се надминат. Панелисти беа: Филип Будановиќ – D ZOO (Суботица), Анета Мишева – Лексикон (Кавадарци), Александар Жезељ – Џахбелевароши (Приедор), а исто така панелот го следеа и многу млади од Македонија, Србија (Књажевац и Суботица), Босна и Херцеговина (Приједор, Мостар и Завидовиќи), Црна Гора (Никшиќ) и Косово (Пеја).

По онлајн панелот на младите им беше презентирана публикацијата (АБВГ), којашто е производ од истражување спроведено од млади од Скопје и Кавадарци во рамките на проектот “My city, intercultural city“.

 

 

 Овие активности се дел од проектот “Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог”.

Им благодариме на сите млади кои учествуваа во активностите што беа спроведувани во ИНФО СЕГА Кавадарци во текот на 2017-та година, им посакуваме среќни празници и ги повикуваме на повторно дружење и едукација во 2018 година.