Француски Кино Фестивал во Прилеп!

Француските ЕВС волонтери, заедно со Коалиција на младински организации СЕГА, овој викенд организираат Француски Кино Фестивал со 3 филмови од различни жанрови.

Филмовите ќе бидат проектирани во Кино салата „Мис Стон“ во Прилеп од 2 до 4 Јуни, со почеток во 20:00ч.

Петок, 2 Јуни филмот „Jappeloup“ – драма, биографски филм (2012) во режија на Christian Duguay, базиран на вистинита приказна.
Сабота, 3 Јуни филмот „Tchao Pantin“, многу позната приказна (1983) во Француската Кинематографија, многу пати наградувана. 
Недела, 4 Јуни филмот „Respire“, психолошка драма (2014) во режина на интригантната Mélanie Laurent.

Бидете дел од овој фестивал, влезот е слободен а филмовите ќе бидат проектирани со Македонски превод.