Кои се македонците на “Forbes 30 Under 30”

Forbes ја објави листата 30 Under 30 Europe”  на која се истакнуваат 300 најдобри лидери, претприемачи, иноватори од Европа во 10 различни индустрии. Изборот се случи на 22 Јануари, во Лондон, во познатиот клуб “100 Wardour St”. Покрај различните избраници, вклучувајќи ги и познатите: Дуа Липа, Рита Ора, актери од Game of Thrones, како и многу други од вкупно 34 држави, тука се најдоја и двајца претставници на Македонија! 
Тоа се извондредните Нина Ангеловска од Grouper.mk, и Жарко Димитриоски од “Еден на Еден.

Нина, на возраст од 21 година, успеа да победи со најиновативен бизнис план, за подоцна да го имплементира како свој сопствен бизнис, каде што го создава Grouper! Grouper денес има повеќе од 2500 соработници и над 170.000 регистрирани корисници. Во 2016 година, Нина беше истакната како една од 100 жени основачи во Европа од страна на германскиот магазин TheHundert

Додека пак, Жарко во 2012 година заедно со својот брат создаде маркетинг агенцијата а таа претставува една од ретките  домашни агенции која нуди комплетно портфолио маркетинг услуги. Жаре во декември доби и наградата за претприемач на годината во 2017 во Македонија од Министерството за Економија, Сојузот на Стопански Комори и МРФП.

Целокупната Листа за сите категории.